НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонски државјанин на Прешево фатен со шверцуван часовник вреден 115.000 евра

0
By Mirjana on February 10, 2022 РЕГИОН
Photo: Auctioneers
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српската царина и полиција на граничниот премин Прешево спречи обид за криумчарење од страна на македонски државјанин на луксузен часовник „Патек Филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра, поради што е задржано и возилото „Порше“ во кое патникот пристигнал на преминот, јави дописникот на МИА од Белград.

Вкупната вредност на откриениот прекршок достигна речиси 30 милиони динари или околу 250.000 евра , соопштија од Царинската управа на Србија.

Овој несекојдневен обид за криумчарење бил откриен вчера претпладнето кога на излез од граничниот премин Прешево пристигнало „Порше“ со германски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин.

Тој патувал во друштво на еден сопатник, а на прашањето дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно. Сепак, деталниот преглед ги демантирал нивните тврдења.

Имено, и на левата и на десната рака на возачот биле пронајдени два скапоцени часовници „Patek Philippe – Nautilus Herren 5980 / 1R“ и „Rolex GMT Master II 40mm“, за кои сопатникот не поседувал никаква пропратна документација, иако станува збор за стока со голема вредност.

Бидејќи не ја пријавил стоката на влез во Република Србија, рачниот часовник „Патек Филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра е привремено задржан, а вредноста на стоката надминува една третина од вредноста на средствата што се користела за транспорт на стоката, привремено е одземен и автомобилот „порше 911 карера 4С“.

По судската постапка што се водеше по забрзана постапка бидејќи се работи за странски државјанин, прекршочниот суд во Прешево донесе првостепена пресуда со која на македонскиот државјанин му изрече парична казна од 150.000 динари (1.275 евра) и заштитна мерка одземање на стока (рачен часовник „патек филип“ и возилото „911 Porsche Career“).

 

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ШВЕРЦУВАЛ СКАПИ ЧАСОВНИЦИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.