Францускиот вирусолог и нобеловец, Лик Монтање, човекот кој го откри ХИВ вирусот, почина во Париз во 89 година од животот, објави „Њујорк тајмс“.
Големата слава ја стекна со откривање на ХИВ вирусот кој предизвикува СИДА, но како одминуваа годините, тој се дистанцираше од колегите, правејќи необични експерименти кои ги доведоа во прашање основните начела на науката. За време на пандемијата на коронавирус беше отворен противник на вакцините.
Нобеловата награда ја доби во 2008 година за истражувања на ХИВ вирусот, а што се однесува до коронавирусот тој тврдеше дека настанал по вештачки пат.
Болеста ковид-19 е создадена во лабораторија во Вухан која се специјализира за истражување на коронавирус уште во минатата деценија. Научниците во него веројатно уфрлиле РНК од ХИВ во потрага во потрагата по вакцина против тој вирус, па дошло до манипулација. Не знам како вирусот излезе од лабораторија, можеби за тоа е виновен некој волшебник, рече Монтање во гостувањето на CNEWS во 2020 година.
Неговите изјави кренаа многу права, а таквите тврдења ги демантираа од Институтот „Пастер“ во Париз на кој, во време на откривање на ХИВ во 1983 година беше началник на Одделението за вирусна онкологија.
Повеќе од 10 години беше во конфликт со научната заедница. Откако ја доби Нобеловата награда, Монтање во 2009 година рече дека силен имунитет е доволен во борбата против ХИВ вирусот што го истражуваше во поголем дел од кариерата.




