Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ и инфектологот Фадил Цана вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 најавија дека земјава е во фаза на набавка на лекот против коронавирусот.
„Предмет на набавка од страна на Министерството за здравство, мислам дека министерот од пред неколку дена се во такви преговори со компанијата Фајзер. Секако дека ќе бидат дополнителна алатка во насока на тоа да се контролира пандемијата“, вели Мехмедовиќ.
„Вакви лекови сензационално во изминативе две години сме имале многу“, додаде Цана.