НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Србија никако не треба да го признае Косово, треба да се залагаме за „Отворен Балкан“

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Никако не треба да ја признаеме независноста на Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, порачувајќи дека Србија треба да работи со косовските Албанци на создавање на подобри односи и на доверба, јави дописникот н МИА од Белград.

– Проблемот е што Албанците не сакаат да слушнат за ништо друго освен за независност. Пандорината кутија е отворена со признавање на границите на поранешните југословенски републики и признавањето на Косово. Србите сега треба повторно да го прифатат тоа и да молчат. По кој принцип на меѓународното право?, изјави Вучиќ синоќа на ТВ Прва во разговор со драматургот Билјана Србљановиќ и новинарот Никола Томиќ на прашањето за Косово.

Вучиќ изјави дека косовските Албанци се однесуваат како екстремисти и не сакаат да исполнат ниту една меѓународна обврска.

Тој посочи дека од тие причини, поради мирот и стабилноста, Отворен Балкан е една од најдобрите идеи што им овозможува на сите слободно да се движат, да имаат слободен пазар, субвенции за инвеститорите, вработување.

-Тоа е патот според кој треба да ги надминеме разликите и лошите односи, оцени Вучиќ.

„На Србија и е нанесена голема неправда, иако и ние не сме ангели, но нема одговор на прашањето како сите имаат право да се отцепат од Југославија, а после тоа Србите немаат право да останат да живеат во тие делови, кажа Вучиќ.

Србија денеска гледа како да одговори на заканите дури и кога ги нема на директен начин, а тие се секојдневно присутни кога се во прашање Република Српска и Косово, изјави Вучиќ.

– Се соочуваме со тоа секој ден. Што да правиме, да кренеме раце, Косово да биде независно, Република Српска да не нè интересира, да ни биде баш гајле за Србите во Црна Гора…, праша Вучиќ.

Тој порача дека затоа треба да се чува мирот и да се соработува, да се почитуваат туѓите и нашите жртви, да се залагаме за Отворен Балкан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.