Горан Пандев го даде својот прв гол за Парма, но предвреме го напушти натпреварот поради повреда, јавуваат спортките портали.
„Парма губеше на свој терен од Порденоне, Горан Пандев влезе во игра на почетокот од вториот дел и по само десет минути игра го постигна својот првенец за новиот клуб и израмни на 1-1. Веднаш потоа Пандев запиша и асистенција откако додаде до Ман кој реализираше за комплетен пресврт и водство на Парма од 2-1. За жал македонскиот фудбалер го напушти мечот во 71. минута поради болки во грбот. Допрва ќе се знае за колку тешка повреда станува збор“, пишува порталот 24 Фудбал.
Парма победи со 4-1.