Published: Sunday, February 13, 2022 18:30
Скопје попладнево остана без струја, а причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија е дефект на трафостаница во Пинтија, информираа од МЕПСО за МИА.
Според првичните информции наводно станува збор за пожар близу далновод во Пинтија.
Екипите се на терен.
Повеќе детали ќе има откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен.




