Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во неговиот говор по повод 100 дена локална власт, отчет на ВМРО-ДПМНЕ порача дека не треба да има поделби на наши и ваши или леви и десни кога станува збор за националните интереси и изрази подготвеност да разговара со премиерот Димитар Ковачевски.
– Јас сум подготвен да разговарам кога интересот е Македонија и народот, немајте дилема. Ќе разговарам со секого, на секоја тема, затоа што тоа е одговорно и тоа е лидерството кое го бара и и треба на нашата земја. Доаѓам да разговарам, дали тоа се викало лидерска, или очи во очи состанок, ако тоа е во интерес на моите граѓани и Македонија немам дилема. Во време кога народот гладува, кога земјава се помалку ја има, нема гледање низ нишани и тоа е најмалку нешто што можам да го направам, додаде Мицкоски и порача дека мора да има и одговорност за секој што се огрешил пред законот.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.