НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На денот на лозарите, премиерот со најава за обезбедување финансиска поддршка за производство и откуп на грозјето

0
By Mirjana on February 14, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Грижата за земјоделците и конкретно за лозарите е постојана – затоа резултатите се видливи и претставуваат дополнителна мотивација. И покрај економската криза, во текот на 2021 година регистрирано е зголемено откупување на грозје кај регистрираните откупувачи, а исто така зголемен е и извозот на вино од нашата земја којашто достигна ниво од 49 милиони евра во минатата година“, рече Ковачевски при закројувањето на лозјето во село Трстеник, во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и подвлече дека Владината долгорочна стратегија за обезбедување сигурно производство и откуп на грозјето ја надмина долгогодишната неизвесност на лозарите и обезбеди поволен амбиент за стопанисување и за лозарите и за винариите.


Честитајќи го денешниот празник на лозарите и посакувајќи успешна година и за лозарите и винарите, Ковачевски посочи дека Владата, со динамично темпо ги исполнува ветувањата кон земјоделците и лозарите за што има видливи резултати.

Лозарите уште на почетокот на новата лозарска година, исто како и лани ги добија субвенциите за поддршка, и го стартуваат новиот циклус со средства кои ќе им помогнат успешно да ја затворат годината. Тој додаде дека во оваа насока од голема помош е и зголемувањето на поддршката со цел анулирање на зголемените трошоци за нафта, како и мерките од ИПАРД Програмата, кои обезбедуваат инвестиции за изградба на винарници, набавка на опрема и други потребни средства за модернизирање и развој на оваа гранка.

„Во таа насока е и поддршката за микро винарниците. Сега, тие имаат можност да аплицираат за грантови во висина од 10.000 евра за опрема и консултантски услуги на енолози, за поефикасно работење и пласман на поквалитетни производи“, истакна Ковачевски, кој ја посети винарницата „Гоце Делчев“, а потоа ќе ги посети и Кавадарци и Демир Капијa.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, потенцираше дека во однос на субвенциите исплатени се над 9,4 милиони евра субвенции за лозови насади на 13.854 лозари, а од 2017 година, за поддршка на лозарите за мерката за исплата по површина се исплатени околу 45 милиони евра.

„Секогаш кога имаше потреба, кога лозарите се соочуваат со проблеми, помагавме со дополнителни мерки, исто како што помогнавме и во здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД пандемијата. Вкупно за 4 години за дополнителни мерки и преку КОВИД – програмата за поддршка на лозарите исплативме над 16 милиони евра“, подвлече Николовски кој оцени дека со Владината поддршка се  реши еден долгогодишен проблем на лозарите враќајќи ги парите кај лозарите што им ги должеа дел од винарниците, за да можат повторно да инвестираат во лозовите насади.

На денешниот настан, беа упатени пораки до лозарите дека Владата останува партнер на лозарите и винарите и продолжува со мерките и стимулациите за производство на квалитетно вино на пазарот, за што поголема промоција на квалитетното вино од нашата земја и зголемување на извозот.

Ковавачевски до лозари нови финансиски линии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.