Најмалку седум лица загинаа, меѓу кои две деца, во силната експлозија што се случи околу 1:30 часот по полноќ во зграда во Сен Лоран-де-ла-Саланк во јужниот дел на Франција, јави дописникот на МИА, повикувајќи се на извештај на Обвинителството.
Експлозијата се случила во сендвичарница во приземјето на зградата. Најмалку единаесет станови се оштетени од експлозијата и од пожарот. Во близина на зградата биле пронајдени плински боци. Засега не се знае дали тие се причината или ја влошиле експлозијата.
Обвинителството во Перпињан отвори истрага за „подметнување пожар што предизвикал смрт“.
Тешко повреден е 27-годишен маж кој скокнал од прозорец на првиот кат за да се спаси од пламените јазици. Прво бил евакуиран во болницата во Перпињан, пред да биде префрлен во Универзитетската болница во Монпеље. Кај полесно е дијагностицирано труење со чад.




