Published: Monday, February 14, 2022 13:18
Авиокомпанијата „Норвежиан“ (Norwegian) ќе го избегнува украинскиот воздушен простор. Причината е ескалација на тензиите во регионот, потврдија од компанијата за германската агенција ДПА.
Авионите на компанијата не летаат директно за Украина, но понекогаш преминуваат во просторот на земјата за да стигнат, на пример, до Турција, појасни портпаролот.
„Норвежиан“ ги избегнуваше источните делови на земјата, по случајот со летот МН17 на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година.
Холандската авиокомпанија „КЛМ“, викендот соопшти дека како безбедносна мерка, ги прекина своите летови за Украина. Други авиокомпании размислуваат за слични чекори.




