Published: Monday, February 14, 2022 13:47
Војвотката од Корнвол, Камила е позитивна на коронавирус, соопшти денеска Бакингамската палата.
Таа моментно е во самоизолација во својот дом, а досега има примено две дози на анти-ковид вакцина плус бустер доза. Претходно и нејзиниот сопруг, принцот Чарлс доби позитивен тест и тој од четвртокот се наоѓа во самоизолација.
Чарлс и Камила минатата година го прележаа вирусот со благи симптоми, па кралската палата се надева дека и овојпат ќе минат исто.
Целокупната британска јавност, сепак, е загрижена за здравјето на кралицата Елизабета II која веќе подолго време не е видена во јавност и сè уште нема информации за нејзината здравствена состојба.




