Осум пријатели на возраст од 33 до 52 години се собра во ресторан во германскиот град Вајден каде нарачаа шише скап шампањ за да наздрават за еден од нив чиј настап на ТВ го гледале заедно.
По здравицата, на сите осум лица им се слошило, паднале на подот по што веднаш е повикана Итна помош која набрзина ги превезла во болница каде починал 52-годишен маж.
Сите имале симптоми на труење, а дел од нив и некои видови на напади. Како што тврдат сведоци, пренесува „Билд“, некои од лицата уште во ресторанот имале пења на уста.
Во тек е криминалистичка истрага. Она што е досега познато е дека друштвото во ресторантот нарачало шише шампањ. Од ресторанот тврдат дека шишето било отворено пред гостите.
Полицијата засега го третира случајот како „убиство од небрежност“, додека германските медиуми пишуваат дека, според непотврдени информации, шишето со шампањ содржело голема количина на екстази.




