Published: Monday, February 14, 2022 14:42
Пратениците на „Единствена Русија“ поднесоа нацрт резолуција со која го повикуваат Министерството за надворешни работи да се изјасни за можноста за признавање на независноста на санмопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск.
Предлогот ќе биде разгледан попладнево во Думата, долен дом на рускиот парламент, а конечната резолуција потоа ќе биде проследена до претседателот Владимир Путин.
Доколку Русија и формално ги признае двата украински региона кои се под контрола на проруските сепаратисти од 2014 година, тоа, секако, ќе придонесе за и онака напнатата ситуација на руско-украинската граница.




