НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот на МЕПСО Муртезани за НоваТВ: Можно е струјниот дефект да го предизвика изолаторот на далекуводот Скопје4-Бунарџик што предизвикало палење на сува вегетација?!

0
By Mirjana on February 14, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
– Вчера се соочивме со дефект на изолаторска верига на 110кВ далекувод  Скопје4-Бунарџик. Од дефектот исклучил прекинувачот на далекуводот во трафостаницата  Скопје4 (Пинтија). Во исто време реагирала заштитата на трансформаторите 400/110 кВ, од кои на 110кВ напонско ниво се напојуваат сите трансформатоски станици во Скопје од 110кВ, а со тоа и цело Скопје, го објаснува вчерашниот струен дефект директорот на АД МЕПСО  за НоваТВ, Орхан Муртезани. 
Според Муртезани, заштитата на трансформаторите како најскап елемент во трафостаницата бил осетлив со цел да ги штити трансформаторите од оштетувања од надворешни макар и куси врски. Последниве две години се правела  реконструкција на трафостаницата при што и била заменета високонапонската опрема и ѝ била ставена нова заштита и СКАДА. Новата дигитална заштита, вели Муртезани,  била поосетлива  и како што посочува „може да кажеме дека ова беше тест за нејзино брзо реагирање“, но и дека посекако ќе требало да се преподеселе одредени заштити за подбра селективност.
Струјата која била на куса врска на далекуводот за Бунарџик, на кој се случил дефектот, можело да достигне до 1.000 пати поголема вредност од струјата која е  во нормална напонска состојба, информира директорот на МЕПСО. За да се прекине таа струја, требало да се исклучи напојувањето со помош на прекинувачи од двете страни на далекуводот. Во ситуација, на некое место да имало влага, магла, пареа од загревање, иако кратко време, било сосема доволно за да се пробие воздушната изолација и да настане прескок кон земјата. Ова вели Муртезани, е најверојатно причината што довела до палење на сувата вегетација. Затоа се појави пожар на место оддалечено од она каде што е настанат дефектот, а е на истиот далекувод. За кусо време била воспоставена напонската состојба по што до доцните саати се работело на отстранување на дефектот на далекуводот Бунарџик кој целосно бил отстранет во 03:30 часот по што жителите на Бунарџик како и индиструската зона добиле напојување со електрична енергија, информира за НоваТВ директорот на АД МЕПСО, Орхан Муртезани.
Тој денеска формирал работна група која требало да испита детално и да изготви извештај за тоа како се сличил дефектот.
( М.Т.)
Муртезани за струјниот дефект
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.