НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Ќе има раст на пензиите и ќе се менува моделот

0
By Ivana on February 14, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека се размислува и ќе се посегне по промена на моделот за раст на пензиите.

Според него, сегашниот модел не обезбедува достоинствен раст на пензиите.

Во гостување на „24 анализа“, Битиќи истакна дека Економскиот совет на Владата заседавал.

– Решение може само низ конструктивен дијалог. Кај минималната плата осигуруваме дека и наредните години ќе растат и кај пензиите исто така ќе има раст. Во делот кој разговараме е моделот со кој пензискиот фонд да се одржи стабилен и одржлив за да може од него да се добиваат пензии и наредните пензионери. Не сум научен да играм со проценти и со решение во кои не гледам доследна анализа. Предвидливоста ќе ја имаат до 2026. Сакаме решенија со кои ќе им овозможиме достоинствен живот. Сметам дека пензискиот фонд осигурува доволно стабилен приход за да се обезбеди пораст на пензиите, нагласи Битиќи.

Битиќи потенцираше дека ниту еден градоначалник не направи еден денар алокација на дополнителни финансиски средства за справување со енергетската криза. Сите донесоа буџет како ништо да не се случува, а кризата веќе ја имавме на врата.

Битиќи не ја исклучи можноста дека Владата ќе им помогне на општините околу сметките за струја, но во овој контекст го отвори прашањето – каква е улогата на локалните самоуправи ако сé паѓа на товар на централната власт, додека државата е веќе во фаза на функционална децентрализација.

Според вицепремиерот, ЗЕЛС воопшто немаше поднесено барање до Владата во однос на енергетската криза, а барањата од општините поединечно се разгледуваат и се прави анализа – какви финансиски импликации ќе има врз буџетот.

-Не се согласувам дека не помагаме, ниту дека градоначалниците немаа можност навреме да не интервенираат. Сите градоначалници, до еден, ги добија мандатите пред да се усвојат буџетите за 2022 година. Ниту еден градоначалник не направи еден денар алокација на дополнителни финансиски средства за справување со енергетската криза. Сите донесоа буџет како ништо да не се случува, а кризата веќе ја имавме на врата. Дури, како ништо да не се случува во нивниот еко систем им раскинуваа договори и остануваа на крајниот снабдувач, а крајниот снабдувач е берзанска цена плус 50 отсто повисока цена иако можат веднаш да објават нов тендер и да побараат нови снабдувачи на електрична енергија за да ја добијат барем по берзанска цена плус одредена маржа која не оди повеќе од 10 отсто. Но, повеќето градоначалници продолжуваат да си бидат на крајниот снабдувач како ништо да не се случува, подвлече Битиќи.

Тој потсети дека во овој момент градинките кои се под ингеренции на локалната самоуправа, плаќаат субвенционирана цена за струјата од страна на државата.

– Ако цената на 1 јануари требаше да се зголеми за 80 отсто, таа се зголеми за само 9,8 проценти, а тоа значи дека разликата во поскапувањето ја плаќа Владата, државата. Остануваат училиштата, основни и средни, како и јавното осветлување. Повеќето градоначлници, за жал, плаќаат најмалку за 50 отсто пониски фактури за јавно осветлување зашто нивните претходници инвестирале во ефикасно, штедливо осветлување. Скопје сега плаќа 70 отсто пониска фактура за електрична енергија од вообичаено, зашто лани инвестираше во тоа, рече Битиќи.

Во оваа прилика, вицепремиерот укажа дека општините немаат собрано повеќе од 47 отсто данок на имот од граѓаните, како и дека по таа основа губат големи средства. Кажа дека и тој лично се уште добива решение за данок за стара квадратура по што вети дека лично ќе се заложи, општините да ги добијат потребните податоци од Агенцијата за катастар.

Градоначалничката на Скопје, Арсовска напомена дека помош барале, но не добиле се уште.

-Буџетите се задолжени за три генерации. Каде и да скратиме, ќе погрешиме. Треба да се реагира со одредени мерки. Што да ребалансираме, од кој буџет, од милионските долгови? Не можете да им дадете на општините ситно, а да очекувате големи проекти, рече Арсовска и порача да не се политизираат ваквите прашања.

Според неа, ЗЕЛС ги прави пресметките, но смета дека освен на општините, за сметките за струја треба да им се помогне и на јавните претпријатија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.