Шпанската полиција уапси пет милитантни исламисти кои се осомничени за финансирање на терористички организации и регрутирање на борци за џихадисти.
Апсењата се резултат на две одделни акции насочени кон ќелиите на милитантните исламисти кои дејствуваат на шпанска територија и се реализирани во соработка со Центарот за борба против тероризмот на Европол.
Европол соопшти дека во првата акција, под кодното име КИТАЛ, се уапсени три лица во Барселона, во Џирона и Валенсија, а кои се осомничени за финансирање тероризам. Главниот осомничен, наводно, користел сложена компјутерска шема за финансирање терористички групи стационирани во Либија, кои се поврзани со Исламската држава. Инспекторите веруваат дека тој бил во директен контакт со водачите на исламистичките групи.
Во втората акција, со кодно име ФАРКОЛ, во шпанскиот град Мелилја се уапсени две лица, осомничени за регрутирање млади борци на Исламската држава. Полицијата истрагата ја почнале пред две години, откако открила видео клип што служел за индоктринирање на потенцијалните борци на Исламската држава. Се претпоставува дека видеото го направиле и растурале двајцата осомничени.
Европол во соопштението додава дека сите осомничени се изведени пред судија.




