За време на вежба на Пацифичката флота, во близина на Курилскиот остров Уруп, е откриена, веројатно, американска подморница, го известил Сергеј Шојгу, министер за одбрана на Русија, претседателот Владимир Путин.
Бродот е исфрлен од вода. Во целост е несфатлива и неоправдана таква активност на истокот. Сè уште имаат среќа, рекол Шојгу.
Според неговите зборови, подморницата влегла прилично далеку, повеќе од четири километри, во територијалните води на Русија.
Претходно, Министерството за одбрана соопшти дека во руските води е откриена американска подморница од класата „Вирџинија“. Кон нејзиниот екипаж е упатено барање за оддалечување од местото на руски и на англиски јазик, што било игнорирано.
Потоа фрегата „Маршал Шапошњиков“ употребила „соодветни средства“, а подморницата „со максимална брзина ги напуштила територијалните води на Русија“.
По инцидентот следуваше и протестна нота до американскиот воен аташе во Москва.
Руското Министерство за одбрана истакна дека постапките на американската страна ги сметаат за грубо кршење на меѓународното право и потсети дека Русија го „задржува правото да ги преземе сите можни мерки во своите територијални води за да ја осигура безбедноста на државата“.




