НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наплатата на данокот на имот во Скопје е зголемена за 35 отсто

0
By Нова ТВ on July 11, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наплатата на данокот на имот, изготвувањето на единствена програма за поставување урбана опрема за подрачјето на целиот град, како и процесот на подготовка на регулациски планови, беа темите на денешната седница на Координативното тело на градоначалници на скопските општини,пишува Денешен.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски ги запознал градоначалниците за процесот на наплата на данокот за имот, каде е евидентирано зголемување на процентот на наплата во однос на истиот период од минатата година.

– Процентот на наплатата на данокот на имот до крајот на месец јуни, во споредба со истиот период во 2013 година, е зголемен за 35 отсто. Координативното тело на денешната седница покрај за наплатата дискутираше и за зголемувањето на евиденција на данок имот, затоа што се уште постојат домаќинства и субјекти кои не го пријавиле данокот на имот. Дискутиравме за модалитетите како тоа да се направи, како и за евиденцијата на градежното земјиште на индивидуалните куќи кое што исто така треба да се евидентира, за што ќе се одржи состанок и со претставниците на Министерството за транспорт и врски и Катастар на Скопје, рече Трајановски.

За втората точка градоначалникот појасни дека на следната седница на Советот ќе бидат донесени програмата за времени објекти за општините Центар и Гази Баба.

– Градот Скопје распиша тендер и избра фирма што направи програма за поставување времени објекти. Таа програма беше доставена до општините за да ги дадат своите забелешки, за потоа да се вметнат во програмата. Таа постапка заврши со тие две општини и во понеделник на 14 јуни Советот ќе биде гласана на седницата на Советот на Град Скопје. Останатите опшини ветија дека до крајот на месецот ќе заврши усогласувањето на програмата за урбаната опрема, така да на следната седница на Советот која ќе биде при крајот на август ќе бидат донесени програмите за поставување на времени објекти во другите општини, истакна Трајановски.

Околу процесот на подготовка на регулациските планови, Трајановски го информирал Кординативното тело за постојаната динамика на носењето на истите, каде се очекува Советот на Град Скопје да носи во просек по 12 регулациски планови секој месец. Оваа динамика зависи и од добивањето на посебни ажурирани податоци за земјиштето од Катастарот, за што дополнително ќе се одржи состанок со претставници од оваа институција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.