Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО: Повлекувањето на руските трупи за нас не претставува деескалација

0
By Sashko on February 15, 2022 СВЕТ
Фото: nato.int
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 15, 2022 14:38

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг попладнево изјави дека НАТО очекува посилен знак на деескалација од најавата за повлекување на војниците во и околу Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефот на Северноатлантската алијанса попладнево на прес-конференција пред почетокот на дводневниот Министерски совет за одбрана, кој се одржува утре и задутре во Брисел, оцени дека оваа најава за повлекување не преставува вистинска деескалација.

Не гледаме деескалација на терен, нема намалено воено присуство на границата, ние ќе продолжиме да набљудуваме од блиску што прави Русија, имаме знаци дека има волја во Москва за ангажман во дипломатски напори и тоа ни дава причина за внимателен оптимизам, рече Столтенберг денеска пред новинарите.

Според него, повлекувањето на трупите што го најави Русија утрово, не соодветствува со реалноста и дека военото засилување на терен продолжува со борбени групи, артилерија, и други елементи на поддршка кои и овозможуваат на Русија во секое време и без предупредување брзо да се врати во Украина и да организира напад.

За НАТО е, исто така, проблем што Москва не ја повлекува воената опрема.

Повлекувањето на опремата бара повеќе време од повлекувањето на трупите, тие влегуваат со тешка опрема и трупите можат брзо да се вратат назад, она што треба да го видиме е значајно и трајно повлекување на воените сили и на тешката опрема. Она што го гледаме од минатата пролет е растечки тренд кој ќе има последици врз безбедносната состојба во Европа, додаде генералниот секретар на НАТО.

Алијансата, сепак, ги поздрави знаците на добра волја за разговори од страна на Русија и изрази надеж дека Москва ќе одговори на серијата предлози испратени од страна на НАТО до Москва на крајот на јануари кои би се разговарале во рамките на Советот НАТО-Русија. За сега нема одговор од Москва.

Паралелно, лидерите на големите земји сојузнички на НАТО во последниот период остваруваат редовни контакти со рускиот претседател, Владимир Путин, од телефонски разговори со Џо Бајден до средби со францускиот претседател, Емануел Макрон и германскиот канцелар, Олаф Шолц.

Во срцето на судирот помеѓу Русија и Западот се анексијата на Крим и војната со Украина, но и аспирациите на Киев да стане земја членка на НАТО, на што силно се противи Русија, заедно со Кина.

Столтенберг денеска повтори дека политиката на отворени врати, односно на проширување, на НАТО не се менува и дека декларацијата од Букурешт во 2008 година која ја отвори вратата за потенцијално зачленување на Украина и Грузија во Алијансата и натаму важи.

НАТО ги почитува суверените одлуки на земјите, како што почитуваме дека Шведска и Финска не аплицираа за членство во НАТО, така почитуваме што Украина сака да аплицира, но тоа Русија и Кина не го почитуваат, рече генералниот секретар, изразувајќи увереност дека утре 30-те земји членки на Алијансата ќе ја повторат нивната политичка поддршка за партнерството со Украина и за нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. Украинскиот и грузискиот министер за одбрана ќе им се придружат на една сесија на НАТО министрите.

Состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО се одржува утре и задутре. Министрите најголем дел од дискусиите ќе го посветат на безбедносната криза со Русија, како и иднината на стратешкиот концепт на НАТО. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.