Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија тагува по загинатите пилоти

0
By Томе Христов on July 11, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 11, 2014 20:27


Тага и шок денеска во струмичкото село Ангелци по трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загуби пилотот Драги Мицев. Екипата на НОВА го посети неговото родно место.


Тамошните жители кои ги сретнавме со солзи во очите и со неверување раскажуваат каков човек загуби селото Ангелци. Искусен пилот, добар човек и секогаш насмеан, вака ни го опишаа загинатиот Мицев, татко на двете деца Сандра и Давид и сопруг на Жаклина.


Пред домот на Драги не пречекаа неговата стрина и чичко. Судбината, велат мештаните и роднините на Драги, повторно си поигра со животите на семејството Мицеви. Кога неговиот брат требал да се вери пред неколку години, на 44-годишнавозраст починал таткото на Драги.

„ Утре требаше да се вери внукот на Драги, син на неговиот брат. Сите беа весели и среќни, се подготвуваа и на крај ете што ги снајде. За Драги не може да се каже ниту еден лош збор, често не посетуваше, многу го сакаше брат му“, вели стрината на Драги.


„Драги ќе го паметиме како внук кој секогаш беше насмеан, во целото село го паметат како најдобро дете. Јас го посетував неколку пати и во Мостар, каде што учеше воено воздухопловно училиште, и таму важеше за добар човек“, изјави чичкото на Мицев.

Во неговото село жителите кои седеа пред продавницата ни ги кажаа нивните спомени за Драги, човекот за кој, како што велат, никогаш не не одминуваше кога ќе дојдеше во Ангелци.

„ Добар човек, со сите си живееше, доаѓаше често овде, можам да кажам дека селото изгуби многу добро дете, целото село е потресено откако слушнавме синоќа за несреќата“, вели сограѓанин на Мицев.

„ Драги го знам уште кога беше мал, се дружеше со моето дете, таков мирен човек нема. Не само Ангелци туку и цела Македонија изгуби добар човек и искусен пилот и началник“, со солзи во очите ни раскажа чичко Трајко од Ангелци.

Жителите од Ангелци воопшто не се сомневаат во искуството на пилотот Мицев, туку како што велат, сигурно имало некаков проблем, а најмногу се сомневаат во необележаната антена во која удри хеликоптерот.

Драги Мицев е роден 1969 година во село Ангелци, струмичко. Беше началник, пилот на хеликоптерската единица на МВР, со работен стаж од 34 години. Татко и сопруг, кој синоќа во 22:05 минути трагично го загуби животот заедно со уште тројцата колеги Маријан Трајковиќ, капетан, роден 1967 година во Куманово, Тоде Орешков, воздухопловен инспектор, роден 1970 година во Кавадарци и Иљо Лопатички од Битола, роден 1968 година.

Несреќата се случи кога хеликоптерот на МВР удри во антена висока 120 метри и се сруши во близина на кванташкиот пазар во Струмица. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на денешната прес конференција изјави дека надлежните истражуваат дали антената била соодветно обележана.

Во моментот се уште трае увидот на местото на несреќата на кое не е дозволено присуство на новинарски екипи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.