Published: Wednesday, February 16, 2022 08:58
Најмалку 18 лица загинаа во поплави и свлечишта што ги предизвикаа обилните дождови во бразилскиот град Петрополис, на околу 70 километри северно од Рио де Жанеиро, потврди противпожарната бригада на бразилската сојузна држава Рио де Жанеиро.
Во Петрополис е прогласена вонредна состојба, а гувернерот Клаудио Кастро отпатува во погодената област за да им изрази поддршка на засегнатите.
Претседателот Жаир Болсонаро, кој е во официјална посета на Русија, преку Твитер побара од своите министри „итна помош за жртвите“.
Дождот во погоденото подрачје престана, но според градските власти прогнозата е дека во следните неколку часа повторно ќе врне „слаб до умерен дожд“.




