Унгарија изразува лутина на пресудата на Европскиот суд на правдата која отвора можност земјата да загуби од фондовите на ЕУ поради спорот за владеењето на правото, јави агенцијата ДПА.
Унгарската министерка за правда, Џудит Варга, одлуката на Судот ја нарече „политички мотивирана“.
Одлуката е доказ дека Брисел ја злоупотребува својата моќ, напиша Варга на Твитер.
Таа тврди дека одлуката е базирана само врз тоа што „минатото лето го усвоивме нашиот Закон за детска заштита“.
Коментарот на Варга се однесува на легислативата што беше донесена минатата година, за штитење на децата и младите лица во Унгарија од одредена содржина, поврзана со сексуалноста.
Аналитичарите го критикуваа законот како обид за отфрлање на хомосексуалноста и трансродовите лица и за да ги оддалечи младите од важните информации.
Европската Унија поведе прекршочна постапка како одговор на контроверзната легислатива. Сепак, тој случај, не е поврзан со механизамот за владеење на правото во центарот на денешната пресуда во Европскиот суд за правда.




