Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен за одлуката на Судот на ЕУ: Пресудата против Полска и Унгарија е потврда дека сме на вистинскиот пат

0
By Sashko on February 16, 2022 СВЕТ
Урсула фон Дер Лајен
Урсула фон Дер Лајен
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 16, 2022 12:58

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лејен ја поздрави одлуката на Судот на правдата на ЕУ кој во целост ги отфрли тужбите поднесени од Унгарија и Полска против механизмот за условување, кој го поврзува почитувањето на владеењето на правото и исплатата на европските фондови.

Денешните пресуди потврдуваат дека сме на вистинскиот пат, изјави фон дер Лејен по објавувањето на пресудата.

Комисијата најави дека сега внимателно ќе ја испита пресудата и нејзиното можно влијание врз следните чекори предвидени со механизмот.

Полска и Унгарија денеска ги загубија тужбите против механизмот на ЕУ кој ги казнува прекршувањата на владеењето на правото во земјите-членки со задржување на средства, соопшти Европскиот суд на правдата.

„ЕСП пресуди дека „механизмот е усвоен на соодветна правна основа“ и ги отфрли тужбите поднесени од Полска и Унгарија“, стои во соопштението на највисокиот суд на Европската Унија.

Новиот механизам на ЕУ за санкционирање има за цел да ги казни прекршувањата на владеењето на правото во земјите кои се членки на Европската унија преку задржување на средствата од ЕУ наменети за земјата – прекршител на правилата.

ЕУ воведе механизам за санкции, откако критичарите ги обвинија владите во Будимпешта и во Варшава дека ги поткопуваат стандардите на владеењето на правото, како што е независноста на судството.

Двете земји на ЕУ, за кои Брисел вели дека назадуваат во однос на владеењето на правото, го оспорија механизмот пред ЕСП и бараа таканаречениот „механизам на условеност“ да се укине.

Но, во декември советникот на судот, генералниот адвокат, заклучи дека полско-унгарската жалба треба да се отфрли, тврдејќи дека механизмот за условување е компатибилен со договорите на ЕУ. Денешната одлука со која се потврдува ваквиот став, ја отвора вратата за Европската комисија да го скрати нивното финансирање.

Европскиот парламент, кој ги одобрува повеќегодишните буџети на ЕУ, со месеци бара од Комисијата да го стори токму тоа, нагласувајќи дека инструментот за условување е достапен од почетокот на минатата година. Европарламентот дури покрена и сопствена правна постапка, обвинувајќи ја Комисијата за непостапување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.