Published: Wednesday, February 16, 2022 14:21
Најмалку девет лица загинаа, од кои две деца, во синоќешните координирани напади во Могадишу, главен град на Сомалија, соопшти полицијата.
Терористите нападнале повеќе контролни пунктови во Могадишу, при што употребиле и автомобил-бомба. При нападот оштетени се и повеќе објекти и домови.
Одговорноста за еден од најкрвавите напади во последните години ја презеде исламистичката терористичка група Ал-Шабаб, која тврди дека запленила и воена опрема.
Сомалија е цел на напади на Ал-Шабаб, која ги контролира поголемите делови од јужна и централна Сомалија.
Последниот напад е невообичаен, бидејќи Ал-Шабаб вообичаено извршува напади во Могадишу со бомбаши-самоубијци.




