НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со поддршка на СЗО стапката на неонатална смртност се намали од 6,3 на 4,2 отсто

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 16, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство, Беким Сали, денеска одржа состанок со регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, д-р Ханс Клуге, на која посебнa благодарност изрази за континуираната поддршка од СЗО за унапредување на здравствената заштита во државата и СЗО во заедничката подготовка на „Патоказот со земјите од Западен Балкан“.

– Република Северна Македонија е посветена на натамошно инвестирање во здравствените реформи и продолжување на напредокот постигнат претходно, со цел постигнување на стандардите на ЕУ. Нашата земја покажува значително подобрување на показателите за перинатална грижа, Во последните неколку години, благодарение на поддршката од СЗО – стапката на неонатална смртност се намали од 6,3 во 2019 година на 4,2 во 2020 година. Континуирано вложуваме напори за зајакнување на здравствените човечки ресурси и на другите капацитети во клучните болници на регионално ниво, посочи на состанокот министерот Сали. 

Во рамки на средбата, посебен фокус беше ставен на успешното справување со пандемијата со КОВИД-19, имајќи предвид дека справувањето со вирусот претставува заеднички предизвик за сите земји, за кој е потребно единство, солидарност и партнерство.

Воедно, министерот изрази посебна благодарност до СЗО за поддршката обезбедена при спроведување на студиите поврзани со здравствената финансиска заштита, КОВИД–19 и здравствената правичност, кои се од исклучително значење за државата со цел поуспешна подготовка на политики засновани на докази. 

Исто така, на состанокот стана збор за планираните активности во насока на спречување на факторите на ризик за непреносливи болести и зајакнување на скринингот за незаразни болести, примарната здравствена заштита, унапредување на мајчиното, како и перинаталното здравје и менталното здравје.

баким сали СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.