Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуланд го пофали политичкиот и економскиот напредок на Црна Гора

0
By Нова ТВ on July 13, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 13, 2014 13:34

Американскиот заменик државен секретар за Европа и Евроазија Викторија Нуланд во саботата во Подгорица го пофалила политичкиот и економскиот напредок на Црна Гора, како и ситуацијата со безбедноста во земјата, пренесува Бета.

На средбите со црногорскиот државен врв, таа, сепак, потенцирала дека работата не е завршена и дека треба да се продолжи со реформите во областите на безбедноста, владеењето на правото, борбата против корупцијата и слободата на медиумите.

Нуланд го пофалила новиот закон за службите за безбедност, кој е во подготовка, оценувајќи дека тој на известувачките служби ќе им го гарантира она што им е потребно во 21-от век, како и дека со овој акт ќе бидат прифатени стандардите на НАТО.

„Сé посилната НАТО демократија мора да биде отворена за предлози, но и да биде отворена кон своите граѓани, низ слободните медиуми“, изјавила Нуланд.

Коментирајќи ја одлуката на Брисел да ја одложи поканата на Црна Гора за членство во НАТО до крајот на 2015 година, Нуланд порачала дека дотогаш земјата треба „да ги засука ракавите“, а ќе ја добие и поддршката од САД во правењето на неопходните реформи.

Таа додала дека Вашингтон го цени придонесот на Црна Гора за регионалната стабилност, констатирајќи дека за оваа цел „не се толку посветени“ и сите соседи на Црна Гора.

Нуланд, исто така, потенцирала дека членките на НАТО на претстојниот самит во Велс ќе ги пофалат напорите на Црна Гора и ќе ја охрабрат да го „премине последниот километар“ кон членството во Алијансата.

По Подгорица, Нуланд во недела ќе престојува во посета на Белград и Приштина, а во понеделник ќе го посети и Скопје, како дел од својата регионална турнеја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.