НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Љубаниште: Загина параглајдерист од Унгарија, Брзата помош дошла по 45 минути

0
By Сашка Цветковска on July 13, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Починал параглајдерист од Унгарија кај кампот Љубаниште, пред околу еден час, како што изјавуваат за НОВА очевидци од кампот кои го виделе параглајдеристот кој вртоглаво паѓал надолу.

Тој бил вплеткан во опремата и повикувал за помош кога паднал во водата, после што локалните туристи влегле во езерото и го извадиле телото со чамец.

Според нивната изјава, младиот параглајдерист бил свесен кога го извлекле од водата.

– Го ставивме на чамецот и не го помрднувавме телото ,бидејќи не знаевме какви повреди има. Тој беше свесен додека ја чекавме Брзата помош- кажа дека е од Унгарија, си го кажа името и дека боледува од ретка болест, за да им пренесеме на лекарите за да внимаваат какви лекови ќе му одредат- вели за НОВА Ива, скопјанка која поседува викендица во Љубаниште.

Мештаните и камперите револтирано раскажуваат дека чекале точно 45 минути за да дојде Брзата помош, и тоа од Охрид, затоа што во околните туристички места нема ниту доктори, ниту амбуланти.

– Само што дојде Брзата помош му ставија некакви инјекции, но тој веднаш почина.

Една од медицинските сестри дури негодуваше како да влезе во водата за да стигне до чамецот, а притоа да не се намокрела, и после 5 минути откако најде камен на кој можеше да стапне, реши да му помогне на повреденото момче, но беше предоцна.

Срамота е во туристичко место да нема никаков доктор, никаква амбуланта. Нема лекар ниту во Пештани, во Љубаниште нема веќе подолго време, во Св. Наум исто така не можевме да пронајдеме, па така Брза помош дојде дури од центарот на Охрид.

Срамота е како после ова да ни доаѓаат странски туристи. Една пчела да те касне ако си алергичен нема да преживееш, нема најобична амбуланта, велат за НОВА очевидци на настанот.

НОВА пред две недели објави сторија на дописникот на НОВА од Охрид, Мики Трајковски, во која беа истакнати проблемите со отуство на лекари во туристичките места.

Ве молиме кликнете на овој линк за сторијата на Трајковски, објавена на 1 јули.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.