Стотина луѓе се спасени од траект кој се запали утрово за време на пловидба меѓу Грција и Италија, јави грчката крајбрежна стража.
Грчката крајбрежна стража соопшти и дека најголем дел од 237 патници и 51 член на екипажот кои пловеле со траектот „Јурофери Олимпија“ под италијанско знаме биле сместени во помошни бродови. Властите, пак, порачаа дека во инцидентот не се забележани смртни случаи, ниту патници со потешки повреди. Само едно лице е префрлено во болница поради проблеми си дишење.
https://www.youtube.com/watch?v=sr4uSq5QMPc
Траектот испловил од Игуменица, најголемото пристаниште во западна Грција, на пат кон италијанското пристаниште Бриндизи, оддалечено на околу девет часа пловење.
Пожарот, чии причини засега се непознати, избил додека траектот бил во близина на Крф, во Јонското Море.
На порталот „Прото Тема“ се појави видео со 183 метри долгиот траект во пламен и густ облак од чад додека од разгласот се слушаат аларми за тревога.
Нè разбуди околу 4:30 часот утрово. Пожарот веројатно избувна во гаражата, изјави еден од патниците за Мега ТВ, во телефонски разговор од помошните бродови.
Во спасувачката операција беа вклучени најмалку три брода на грчката крајбрежна стража и еден на италијанската финансиска полиција.




