Published: Friday, February 18, 2022 12:57
Земјите од Европската Унија (ЕУ) планираат да воведат санкции за 27 Руси, доколку дојде до евентуална руска „агресија“ врз Украина, јави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на два информирани извора.
Според изворите, сличен предлог за проширување на листата на санкции, во случај на ескалација на кризата, дала и дипломатската служба на ЕУ.
Истовремено, како што тврдат изворите, Полска и нејзините поддржувачи предложиле проширена листа со 55 руски претставници. Прелиминарната листа на санкции ќе се прочистува во зависност од конкретната ситуација, нагласува весникот.




