Претставници од Министерството за финансии и Народната банка на РМ од денеска почнуваат средби со инвеститори во неколку европски градови по повод потенцијално издавање на еврообврзница од страна на Република Македонија. јавува 24 вести.
Како што информираат од Министерството за финансии, рочноста и сумата на која би била издадена еврообврзницата ќе бидат точно одредени по завршувањето на роуд-шоуто, зависно од општите услови на пазарот на капитал и пројавениот интерес за запишување на обврзницата.
Издавањето на еврообврзницата е со цел финансирање на буџетските потреби за оваа и следната година, како и исплата на доспеани обврски и обврски за наредниот период, вклучувајки ја и издадената еврообврзница од 2005 година, која доспева во 2015 година, информира Министерството за финансии, јавува 24 вести.