НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започна дијалогот за континуиран раст на пензиите

0
By НОВА ТВ Balaban on February 18, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа првиот отворен дијалог за новата методологија која ќе понуди одржлив и континуиран раст на пензиите во иднина. Воедно, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд.

Анализите ќе овозможат да се дефинира моделот и методологијата на покачување на пензиите, а процесот ќе се одвива низ отворен дијалог и меѓусебно разбирање на сите засегнати страни, исто како што се одвиваше и процесот врзан за покачување на минималната плата.

На средбата во Владата присуствуваа претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери како и Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

На средбата беше потенцирано значењето на социјалниот дијалог како форма преку која се решаваат сите клучни прашања во државата и во кој сите засегнати страни имаат право да го искажат својот став, да дадат сугестија и активно да учествуваат во носењето на одлуките.

„Ова значи придобивка за околу 330.000 наши граѓани, пензионери. Создаваме методологија, систем според кој пензионерите ќе имаат сигурност, извесност и покачувањето на нивните пензии нема да зависи од нечија политичка волја или од тоа дали ќе има избори. Носиме решение на долг рок“, истакна  Битиќи.

„Нашите пензионери имаат право на достоинствена старост, пристоен и мирен живот во своите зрели години. Затоа што речиси целиот свој живот придонесувале за нашата држава и сега е моментот кога ние треба да им возвратиме за целиот нивен влог“, рече министерката Тренчевска.

Таа се осврна и на досегашните политики на Владата на Северна Македонија, со кои пензионерите добиваат редовно законско усогласување на пензиите два пати во годината согласно растот на трошоците за живот и  дополнително усогласување во случај доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%. Јануарските пензии оваа година беа зголемени за 2.9%, што е најголемо зголемување досега.

На средбата, вицепремиерот Битиќи истакна дека грижата за пензионерите е еден од приоритетите на оваа Влада и затоа, и во време на пандемија покрај редовната исплата, пензиите се исплаќаат и предвремено во групи, со цел заштита од ширење на заразата од КОВИД-19.

Предлозите за креирање на новата методологија за континуиран раст на пензиите ќе бидат разгледани и дискусијата за  ова прашање ќе продолжи во периодот кој следува, со цел да дојдеме до најиздржаното решение кое ќе донесе одржлив раст на пензиите на долг рок.

Влада дијалогот раст на пензиите Сојузот на пензионери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.