Јужнo- aфриканката, добитничка на Нобеловата награда, писателката Надин Гордимер, почина во Јоханесбург на возраст од 90 години.
Писателката, која беше еден од најмоќните гласови во книжевниот свет против апартхејдот почина во својот дом по кратко боледување, соопшти нејзиното семејство.
Таа напиша повеќе од 30 книги, вклучувајќи ги романите Приказната на мојот син, Ќерката на Бургер и Јулските луѓе.
Таа ја освои во 1974 година наградата Букер за Конзерватор и и беше доделена Нобеловата награда за литература во 1991 година.
Нобеловиот комитет соопшти дека и оддава признание на Гордимер за нејзиното “прекрасното епско пишување”, кое е од “многу голема корист за човештвото”.
Ќерка на литвански еврејски часовничар, таа почна да пишува уште од рана возраст. Гордимер ја објави својата прва приказна – Дојди повторно утре – во едно списание во Јоханесбург на само 15 години.
Нејзините дела се состојат и од романи и од раскази, каде што последиците од апартхејдот, егзилот и отуѓувањето се главните теми.