Европската Унија засега нема да воведува санкции кон Русија, изјави во понеделникот шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, отфрлајќи ги повиците на Киев за санкции за да се спречи војна, наместо да се воведат санкции по евентуалната инвазија.
Западните земји стравуваат дека концентрацијата на руски војници долж границата со Украина е вовед во инвазијата, што Москва го негира.
Соединетите Американски Држави и нивните европски сојузници соопштија дека ќе воведат остри санкции кон Москва во случај на напад врз Украина, а Киев бара итно да се воведат санкции.
Министерот за надворешни работи на Украина им изјави на новинарите дека ЕУ се согласила да обезбеди одредена „советна“ воена обука.
Дмитро Кулеба зборуваше на излегување од состанокот со колегите од ЕУ во Брисел.
Тој беше јасен дека договорот не вклучува борбени трупи – ЕУ секако нема војска.
Се чини дека плановите произлегуваат од минатогодишното барање на Украина за помош за „воено образование“, вели Би-би-си.
Идејата е цивилните и воените советници од земјите-членки да можат да помогнат во модернизацијата на секторот за воено образование на земјата во области како што е логистиката.