Published: Monday, February 21, 2022 17:57
Вулканот Етна на Сицилија, по една недела од последната ерупција, денеска повторно исфрла лава и пепел.
Ерупцијата, од југоисточниот кратер на вулканот, создаде облак од пепел на височина од 12 километри, објави Националниот институт за геофизика и вулканологија во Катанија.
На снимките во живо од вулканот се гледа густ црн облак кој се движи кон југоисток. Засега нема информации за штети или жртви, иако локалните жители објавија дека воздухот е загаден и дека пепел и прашина паѓаат од небото.
Блискиот аеродром во Катанија, јужно од вулканот, привремено ги прекина сите летови, објавија аеродромските служби на Твитер.




