Меѓународните граници на Украина ќе останат такви какви што биле, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, посочувајќи дека потегот на Русија претставува повреда на интегритетот и суверенитетот на Украина.
Тој говореше откако рускиот претседател Владимир Путин му нареди на
Министерството за одбрана да испрати војници во регионите под контрола на сепаратистите поддржани од Москва во
источна Украина. Путин го издаде декретот рано изутринава, по московско време.
– Не се плашиме. Никому ништо не должиме и никому ништо нема да дадеме, изјави украинскиот претседател по одлуката на Путин, нагласувајќи дека Украина се уште е „заговорник за политички и
дипломатски договор“.
Администрацијата на претседателот Зеленски изрази фрустрација поради неподготвеноста на Западот да воведе превентивни санкции откако Русија собра повеќе од 100.000 војници во близина на границите на Украина во последните неколку недели.
– Очекуваме јасни и ефективни чекори на поддршка од нашите партнери. Многу е важно да видиме кој е наш вистински пријател и партнер, а кој и понатаму ќе продолжи да ја плаши Русија со зборови, рече Зеленски.