Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Читална „Славко Јаневски”: Центар славеше една година од отворањето

0
By Нова ТВ on July 16, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 16, 2014 11:35


Јана Јаневска, ќерка на Славко Јаневски

Читалната „Славко Јаневски” синоќа одбележа една година од отварањето- Општина Центар со овој чин потсети на важноста на постоење на вакви места во градот, во коишто граѓаните ќе можат да разменуваат содржини, со кои ќе се збогати културното живеење во градот.

Читалната го носи името на великанот на книжевното творештво Славко Јаневски и токму во негова чест, беше прочитана негова поезија, со извадок од романот ‘Девет Керубинови векови’ со кој настапи легендата на македонското глумиште, актерката Милица Стојанова.

Извадокот актерката го читала и на промоцијата на романот во 1986 година.

На настанот присуствуваа и членови на семејството на писателот, кои подарија книги и цртеж со автентичен текст на една песна на авторот.

Ќерката на Славко Јаневски, Јана Јаневска, говореше за нејзиниот татко, за неговиот раскошен талент, за многуте животи во еден живот:

Да, да биде ….

Би сакала да го искористам поводот-годишница од отворањето на читалната „Славко Јаневски“, да го подариме овој цртеж од татко ми на кој своерачно напишал стихови. Знам дека и него би му било драго зошто го сакаше Скопје.

Токму во Центар, во непосредна близина до куќата на Мајка Тереза, на местото на денешниот Трговски Центар, била куќата каде е роден. Скопје и неговата околина, нестварното-стварно место Кукулино, Скопска Црна Гора, се неделлив дел на неговата литература, литература на сон и јаве, фантазија и реалност, литература на мит и предание.

Иако пред се беше писател и поет, тој сликаше, црташе, пишуваше сценарија, режираше кратки филмови, работеше документарни филмови од Азија и Африка, правеше мозаици, црташе стрипови, веројатно сфаќајки ја уметноста како истражување, не сведочење.

Ги сакаше луѓето, нашата куќа постојано беше отворена за сите, писатели, поети, сликари, политичари, пријатели, самонаречени пријатели, непријатели. Посебно ги сакаше децата и таа љубов беше взаемна. Не случајно напиша толку книги за деца и млади.

Беше и авантурист. Вљубеник во Африка и далечните Азијски земји, со голем интерес ги проучуваше и ретките видови на растенија и птици во Македонија. Потрагата по ново, по различно како да ги надминуваше границите на реалноста, како да гледаше и зад хоризонтот.

Уметник, истражувач, авантурист, боем, вљубеник во природата, како да имаше повеќе животи во еден живот.

„И потоа ќе се надраснам себеси
и ќе ја исполнам загатливоста на бескрајот.
Ќе бидам дух што за вечен оган им ја подарил плотта на звездите.
Ќе го совладам името и на чекор ќе сум пред него.
Името ќе ми е вечност.“

(Од Девет Керубинови векови)

Семејството на Јаневски

Вера Јаневска, сопруга на Славко Јаневски и Мирослава Поповска, сопруга на Душко Поповски

Андреј Жерновски, градоначалник на Центар

Милица Стојанова, актерка и Катерина Цаневска, шеф на ПР службата на Општина центар

Милица Стојанова – рецитал

Дел од читалната

Говор на Андреј Жерновски, градоначaлник на Центар

Никола Гелевски, публицист

Вработен во читалната

Андреј Жерновски, градоначaлник на Центар, Дамјан Манчевски- потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски- ген. секретар на СДСМ, Искра Гешоска, публицист, Ристо Лазаров, писател, Катерина Цаневска, ПР- Центар, Офелија Димковска, ПР- Центар

Жанета Скерлев, ПР експерт, со семејството

Искра Гешоска, публицист

Ѓошо Вангелов, советник на СДСМ, Општина Центар

Јон Фрчкоски, претседател на младинската организација на СДСМ, Општина Центар

Маја и Соња Серафимовски, ќерки на академик Томе Серафимовски

Никола Гелевски и Милица Стојанова

Мирослав Шиповиќ, претседавач на Советот на Центар

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.