Откако вчера, судот ги блокира сметките на индиецот Субрата Рој и неговите фирми, Груевски пристигна во Охрид, најверојатно по новиот автопат кој го вети уште во 2006 година, реагираат од општинската организација на ВМРО-НП од Охрид.
-Го прашуваме т.н. премиер и неговата партија зошто вчера, пред граѓаните на Охрид, не се изјасни за новонастанатата ситуација и зошто не им објасни на граѓаните како ќе ги изградат тие објекти.
-Ќе објаснат ли Груевски и фамилијата пред граѓаните на Република Македонија, кој е всушност Субрата Рој и што се крие зад неговата т.н. инвестиција. Ќе објаснат ли дали е извршена трансакција за хотелот Славија кој наводно го купи индиецот, стои во соопштението на ВМРО-НП.