Published: Tuesday, February 22, 2022 21:05
Обединетите Нации (ОН) остануваат оптимисти за дипломатско решение на кризата во Украина и покрај воената ескалација на Русија, соопшти ОН.
Видовме дека тие сè уште планираат разговори меѓу САД и Руската Федерација. Се надеваме дека ќе дојде до нив подоцна оваа недела во Женева. Воен конфликт ќе биде катастрофален, изјави Стефан Дужарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен требаше да се сретнат во четврток во Женева, но состанокот е доведен во прашање по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин да распореди руски војници во источна Украина.
Извор: МИА




