НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Треба да стапат на сила вечерва: ЕУ воведе санкции против Русија, на списокот го нема Путин

0
By Sashko on February 22, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на Европската Унија (ЕУ) едногласно се сложија за листата со мерки против Русија поради нејзиното признавање на украинските региони за независни републики и распоредување на трупи на истокот на земјата. Мерките би требало да стапат во сила вечерва, како дел од одговорот на ЕУ на потегот на рускиот претседател Владимир Путин кој, сепак, нема да биде погоден од санкциите, пренесува „Франс 24“.

По вчерашната објава на Путин, следеше и негов потпис на декрет за распоредување на руски трупи во Доњецк и Луганск кои ги нарече „мировници“. Неговиот потег наиде на осуда од меѓународната заедница.

Европската Унија предупреди на масовни последици по руската економија, доколку Москва ја нападне Украина.

Германија претпладнево го запре процесот за одобрување на сертификација на гасоводот „Северен тек 2“ од Русија.

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен истакнаа дека во нацрт предлогот се наведува оти мета на санкции ќе бидат сите оние кои биле вмешани во „незаконската одлука“ за Украина.

Вклучени се и банки кои ја финансираат руската војска, но и други операции на тие територии.

Од ЕУ соопштија дека ќе осуетат можност за руската држава и влада да пристапат до капитал и до финансиските пазари и услуги на Унијата. Покрај тоа, со санкциите ќе се „гаѓа“ и трговијата од Доњецк и Луганск со ЕУ.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жосеп Борел рече дека руските постапки кон Украина „нема да останат без одговор“ и „дека ќе ги заболат“.

Според неговите зборови, мета на санкциите на ЕУ ќе бидат 27 лица и други субјекти. Сите членови на руската Дума, на долниот дом на парламентот, ќе бидат погодени со мерките кои обично вклучуваат забрана за патувања и „замрзнување“ на имот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.