НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трет ден собраниска расправа за измените на Законот за минимална плата

0
By Ivana on February 23, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Собранието денеска треба да продолжи дебатата за Предлог-измените на Законот за минимална плата. Собраниската расправа трае трет ден.

Со ова законско решение, минималната плата од март треба да се зголеми на 18.000 денари од сегашните 15.200 денари. Очекувањата се дека ќе бидат опфатени околу 80.000 работници кои веќе во април ќе земат зголемена минимална плата. Зголемувањето на минималната плата ќе биде помогнато од страна на државата, која од Буџетот ќе одвои 16 милиони евра за покривање на разликата во придонесите.

Законското решение уследи откако на 7 февруари по неколкудневни преговори беше постигнат договор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата во рамки на Економско-социјалниот совет. Синдикатите бараа итно зголемување на минималната плата поради повисоките животни трошоци и фактот дека две минимални плати се малку за да се покријат основните потреби што се пресметуваат во синдикалната потрошувачка кошничка.

Со измените се менува и методологијата за годишното усогласување на минималната плата, односно усогласувањето ќе се врши според следните критериуми – 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од трошоците за живот, а висината на минималната плата не смее да биде пониска од 57 проценти од просечната плата.

Предлог-измените се на дневен ред на 62. собраниска седница, а претходно поминаа на матичната Комисија за труд и социјална политика.

На дневен ред на оваа собраниска седница остануваат уште и измените на Законот за тутун, Предлог-законот за регулирање на статусот на бесправно изградените објекти, Предлог-законот за инспекциски надзор во животната средина и Предлог-законот за сметководствени работи. Дел од пленарната седница е и Предлог декларацијата за борба против корупцијата како стратешки документ на државата и државните политики.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.