НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќучук бара брзо отворање на пристапните преговори со Северна Македонија

0
By Biljana on February 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во најновиот извештај на известувачот на ЕП за Северна Македонија, Илхан Ќучук, уште еднаш се бара брзо отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, а се поздравува и политичкиот поттик за обновениот дијалог меѓу Софија и Скопје.

Потсетувајќи на „потребата да се продолжи темпото и кредибилитетот на европската интеграција, известувачот бара „брзо отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, имајќи предвид дека двете земји ги исполнија потребните услови и испорачаа одржливи резултати во основните области“, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Препораката за брзо отворање на преговорите, според Ќучук, доаѓа со оглед на тоа што „европската интеграција ги претставува аспирациите на граѓаните на Северна Македонија кон демократија и просперитет и служи како моќен катализатор за реформи, со оглед на тоа што земјата е доверлив партнер, кој продолжи да вложува конзистентни напори на нејзиниот пат кон членство во ЕУ и кон исполнување и одржување на условите потребни за отворање на пристапните преговори, дека земјата е кандидат од 2005 година и треба да продолжи со реформите“.

Во извештајот на Ќучук се поздравува постојаниот напредок на Северна Македонија на патот кон членство во ЕУ, нејзината посветеност на мултикултурализмот и меѓуетничката хармонија и нејзиниот континуиран позитивен билатерален ангажман.

Тој меѓу другото ја повикува Северна Македонија да ги одржи и интензивира напорите за зајакнување на владеењето на правото и независноста на судството, борбата против корупцијата, реформирањето на јавната администрација и консолидирањето на слободата на медиумите.

Во извештајот се повикува на понатамошни подобрувања во спроведувањето на правата на самоидентификација, сопствено и инклузивно интеркултурно образование, правата на лицата со попреченост и правата на малцинските заедници.

Притоа се повикани релевантните тела проактивно да ги спречат и систематски да ги гонат сите случаи на говор на омраза, злосторства од омраза и заплашување, темелно да ги истражат поврзаните напади и да обезбедат безбедност на нивните цели, како што се новинарите, луѓето кои припаѓаат на малцинствата и другите ранливи групи.

На крајот Илхан Ќучук, jа поздравува континуираната посветеност на Северна Македонија за евроатлантската безбедност, потоа зголеменото усогласување на земјата со надворешната, безбедносната и одбранбената политика на ЕУ и ја повикува да се усогласи со рестриктивните мерки поврзани со Русија. Притоа се поздравува нејзиниот континуиран придонес во мисиите и операциите на ЕУ за управување со кризи.

Во извештајот бугарскиот европратеник го поздравува тековниот процес на „историско помирување со соседните земји“ и во тој контекст „силно го поздравува политичкиот поттик за обновениот дијалог меѓу Бугарија и Северна Македонија и ги охрабрува партнерите да го забрзаат ангажманот со добра волја со цел да се постигне прифатлив компромис, а со тоа да се зближат општествата преку овозможување заедничка иднина во ЕУ“.

Европратениците прв пат ќе расправаат за извештајот на 28 февруари во рамките на Комисијата за надворешни работи, а до 8 март имаат време да поднесат амандмани, по што повторно ќе има расправа на Комисијата за надворешни работи по што ќе се најде на пленарна сесија на Европскиот парламент, каде ќе се гласа.

Извор: МИА

Илхан Ќучук преговори со ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.