НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изетбеговиќ: Можно е одложување на изборите во БиХ

0
By Ivana on February 23, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, денеска изјави дека е можно одложување на изборите во БиХ, што треба да се одржат во октомври, доколку со тоа се реши проблемот со промената на Изборниот закон.

Откако разговорите за промена на Изборниот закон меѓу хрватските и бошњачките партии, закажани за вчера во Мостар, беа откажани без посебно објаснување, Изетбеговиќ на новинарите во Сараево денеска им изјави дека воопшто не бил поканет на состанокот, но додаде дека тоа не влијае на  подготвеноста за продолжување на разговорите и изнаоѓање  решение.

-Не е нереално да се постигне договор, рече Изетбеговиќ, додавајќи дека е лесно на експертите да им се понудат конкретни решенија кога има политички договор.

Тој нагласи дека договорот мора да го вклучи спроведувањето на сите пресуди со кои се утврдува дискриминација на граѓаните на БиХ во изборниот процес, потврдувајќи дека „има одреден напредок“ во досегашните консултации.

Изетбегеовиќ кажа дека претставниците на меѓународната заедница сега чекаат приближување на ставовите на политичарите од БиХ, по што и тие би можеле да се вклучат во финализирањето на договорот.

Сепак, Изетбеговиќ ја отфрли можноста за промена на составот на членовите на Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК), што го бараат ХДЗ БиХ и Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик.

На денешната седница на Домот на народите на Парламентот на БиХ, претставниците на двете партии донесоа заклучок во кој се тврди дека сегашниот состав на ЦИК е незаконски избран и дека постапката за именување треба да се повтори. Владејачките хрватски и српски партии се незадоволни бидејќи сметаат дека сегашните српски и хрватски членови на ЦИК се блиски до опозицијата.

Бошњачките пратеници беа против, а лидерот на СДА рече дека ХДЗ и СНСД можат да бараат за се да одлучува судот, без кој составот на ЦИК нема да се менува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.