Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Летонскиот премиер за „Си-Ен-Ен“: Русија распоредува уште војници и тенкови во Донбас

0
By Sashko on February 23, 2022 СВЕТ
Фото: nra.lv
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 23, 2022 19:21

Руските трупи се префрлија во источниот регион на Украина, кој Русија го призна како „независен“, соопшти премиерот на Летонија, Артурс Кришјанис Каринш јави „Си-Ен-Ен“, дополнувајќи дека тоа го потврдиле и извори запознати со најновите проценки на американските разузнавачки служби.

Според информациите со кои располагам, рускиот претседател Владимир Путин преместува дополнителни сили и тенкови во окупираните територии на Донбас. По која било дефиниција, тоа е недозволен влез во суверена територија на соседна земја, изјави денеска летонскиот премиер Артурс Кришјанис Каринш за „Си-Ен-Ен“.

На конкретно прашање „дали мисли на влегување на дополнителни руски војници откако Москва ги призна двата сепаратистички региони претходно оваа недела“, Каринш одговори „да, според информациите со кои располагам, токму тоа го гледаме“.

Два други извора, блиски до американското разузнавање за „Си-Ен-Ен“ потврдија дека дополнителни руски војници ја минале границата во регионот на Донбас откако рускиот претседател Владимир Путин ги призна двата региони и вчера издаде наредба за распоредување „мировници“ во Донбас.

Според висок американски функционер, Русија распоредила една до две таканаречени баталјонски тактички групи, дел од главната руска борбена формација од кои секоја се состои во просек од околу 800 војници.

„Си-Ен-Ен“ посочува дека засега не може од независен извор да потврди присуство на дополнителни руски војници во Донбас.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера ги опиша настаните кои сега се водат во Украина како „почеток на руската инвазија“, но високи претставници на администрацијата оттогаш одбија да потврдат дали дополнителни руски војници влегле во Донбас – каде што необележаните руски сили ги поддржуваат сепаратистичките борци од 2014 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.