НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ќе гради 30 комерцијални инфраструктурни објекти на автопатите

0
By Нова ТВ on July 17, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на Република Македонија започна со реализација на проектот за изградба на 30 комерцијални инфраструктурни градби на автопатите, магистралните и регионални патишта.

Овој проект е дел од програмата на Владата и предвидува во следниот 4 годишен период да се воспостават нови придружни содржини на патните делници од типот на бензински пумпи, мотели и слично, кои се во функција на зголемување на квалитетот и на транспортот, но и на економскиот развој, објави денеска портпаролот Александар Георгиевски.

На минатата седница Владата ја усвои Информацијата на Министерството за транспорт и врски и усвои акциски план за реализација на активностите за изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на 30 комерцијални инфраструктурни градби на автопатите, магистрални и регионални патишта.

Во текот на минатиот месец, Министерството за транспорт и врски, во соработка со повеќе институции, Агенцијата за планирање на просторот, Јавното претпријатие за државни патишта, Министерството за внатрешни работи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изврши теренска анализа со цел утврдување на погодни локации за оваа намена. Во првата фаза се утврдени 9 можни локации за изградба на бензински пумпни станици и придружно услужни објекти и тоа долж следните автопати кои се во градба:

– Автопат Кичево – Охрид (L=57km) – 2 погодни локации за изградба на бензински пумпни станици и придружно услужни објекти, една локација во близина на Мешеишта и една во близина на Сливово;

– Автопат Демир Капија – Смоквица (должина од 28,2km) – 3 погодни локации за изградба на бензински пумпни станици и придружно услужни објекти, 2 локации во близина на Миравци и една во близина на Милетково;

– Автопат Миладиновци – Штип (L=47km) – 4 погодни локации за изградба на бензински пумпни станици и придружно услужни објекти, по една локација во близина на Пеширово, Сопот и две во близина на Свети Николе.

Во втората фаза на реализација на овој проект, како што ќе напредува и изградбата на самите автопати, ќе биде извршен дополнителен увид на лице место при што ќе се утврди дали постојат услови за урбанизација на дополнителни локации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.