Нападите на руските воени сили во Украина не престануваат цел ден. Пред неколку часа, Русите успеаја да влезат во киевската област и да „преземат“ клучен аеродром додека на спротивната страна, на истокот на земјата, е гранатирана болница во Доњецк при што загинаа четири лица.
Според информации на низа германски медиуми, кои се повикуваат доброупатени украински извори, руските сили се сè поблиску до главниот град Киев. Моментно се наоѓаат на околу 20 километри северозападно од украинската престолнина и го освоија воениот аеродром во Хостомел.
Украинската воена команда, во меѓувреме, соопшти дека четири дека четири лица загинаа, а 10 се повредени при погодок со руска граната во болница во Вухледар, во Доњецк.
Украина соопшти дека Русија извела 203 напади од почетокот на денот, а борби се водат на, речиси, целата територија, пренесува „Ројтерс“.
Рускиот претседател Владимир Путин во утрински часови дека почнува „специјализирана воена операција“ чија цел е демилитаризација на Украина. Во борбите кои траат цел ден, загинаа десетици лица додека повредени има на обете страни.




