Published: Thursday, February 24, 2022 18:17
Два авиона од типот Ф-16 на романското воено воздухопловство пресретнаа борбен авион на воздухопловството на соседна Украина кој навлегол во воздушниот простор на Романија, соопшти Министерството за одрбана во Букурешт.
Украинскиот авион „сухои су-27“ беше придружен до воената база во Бакау, во источна Романија, каде и слета.
Министерството наведе дека украинскиот воен пилот се предал на романските власти. Романските авиони дејствувале во мисија на воздушна полиција на НАТО, во склад до домашната процедура и меѓународните правила.
Романија, која е членка на НАТО, објави дека по повод војната во Украина ги презела сите неопходни превентивни мерки и дека ја следи состојбата во нејзиното соседство.




