Сега е јасно дека руските трупи го зазедоа и аеродромот „Антонов“, воздушна база која се наоѓа на 30-тина километри од Киев, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Американската ТВ куќа од лице место јавува дека руски трупи се забележани на аеродромот, додека украинската Национална гарда наведува дека презела контраофанзива.
Западни разузнувачки служби оценуваат дека „овој продор се случил порано одошто било кој очекуваше“.
„Бидејќи Русите воспоставија оперативна база, можно е да ја искористат за да отпочнат напад на Киев“, пренесуваат медиумите.