Published: Thursday, February 24, 2022 20:39
Руската полиција приведе над 700 лица на антивоени протести во повеќе градови низ земјата, откако претседателот Владимир Путин испрати војници во Украина, соопштија независни набљудувачи.
Повеќе од 735 лица се приведени во 40 градови, соопшти ОВД-Инфо, која следи апсења на митинзи на опозицијата.
Повеќе од 330 лица се приведени во Москва, соопшти мониторингот.
На социјалните мрежи се објавени снимки од дел од протестите, за кои се тврди дека бројот на уапсени е над 850.
Московските обвинители предупредија дека неовластените собири се незаконски и ќе доведат до „негативни последици“, а Федералниот истражен комитет издаде специјално предупредување за учесниците во„недозволените“ антивоени демонстранции.




