Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бислимоски: Рестрикции нема, снабдувањето со струја е стабилно, неопходно е нејзино рационално трошење

0
By Ivana on February 25, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 25, 2022 10:48

Рестрикции нема, снабдувањето со електрична енергија е стабилно и состојбата во енергетскиот сектор е под контрола, е главниот заклучок од координативниот состанок на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН Хоум, Електродистрибуција и МЕМО.

– Се уште трае енергетската криза. Факт е дека рестрикции нема, а снабдувањето со електрична енергија во изминатиот период е стабилно, но сепак неопходно е нејзино рационално трошење. Во овие кризни месеци преку заеднички редовни координации ги преземавме сите неопходни мерки, меѓу кои се реализираше и инцијативата на РКЕ за проширување на листата на ранливи категории кои добиваат директна финансиска поддршка, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски по координативниот состанок.

Тој потсети дека на ранливите потрошувачи на енергија во сметките им е пресметан паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси.

– На состанокот разговаравме и за идни системски мерки кои би се презеле со цел стабилизирање на енергетскиот сектор. Започнавме и разговори во насока на промена на тарифниот систем, што ќе се базира врз претходно изготвени детални анализи. Целта е да има фер цена на електричната енергија која ги одразува реалните трошоци за секој вид на потрошувач и која ќе спречи злоупотреба на пазарот на електрична енергија, посочи Бислимоски.

Како што нагласи, забележано е дека дел од големите потрошувачите кои имаат обврска да набавуваат електрична енергија на слободниот пазар, регистрираат нови фирми кои ги исполнуваат условите за учество на регулираниот пазар, па преку склучување на договори за закуп во нивно име добиваат електрична енергија по регулирани цени кои се пониски од пазарните.

– Дел од анализите укажуваат дека 1 отсто од домаќинствата трошат 20 отсто од расположливата електрична енергија која ЕСМ ја произведува по цена која е неколку пати пониска од берзанската цена. Ова упатува дека овие домаќинствата загреваат поголеми површини од останатите, по цена која е субвенционирана од државата, прецизира Бислимоски.

Дополнително, додаде, се разгледуваа механизми како да им се помогне на потрошувачите кои ја набавуваат електричната енергија на слободниот пазар.

– Една од мерките што беше преземена од РКЕ е ослободување на домаќинствата од обврската да ја плаќаат електричната енергија од повластените производители, чија цена е двојно повисока од онаа на ЕСМ. Овие ослободени количини на електрична енергија од повластените производители по цена која е пониска од берзанската, се ставени на располагање на снабдувачите кои ја испорачуваат кон стопанството, општините, јавните претпријатија и сите потрошувачи кои набавуваат електрична енергија на слободниот пазар, рече Бислимоски и нагласи дека  со имплементација на оваа мерка се заштедија околу 35 милиони евра на сите учесници на слободниот пазар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.