НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска: Финансиската помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата ќе ја исплаќа МТСП

0
By Ivana on February 25, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Финансиската помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата ќе ја исплаќа Министерството за труд и социјална политика, изјави директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска по денешната посета на производствените капацитети на компаниите „Јука“ во Велес и „Ука Комерц“ во Сарај.

Таа заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими при посетата дадоа објаснување за новите мерки за помош на компаниите за разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата.

Бесими изјави дека целта на оваа посета е директен разговор и запознавање со ефектот на мерките што ги презема Владата.

– Оваа посета коинцидира веднаш по два нови закони важни за стопанството, едниот е за минимална плата во однос на стандардот на вработените, но исто така и во делот на Законот за царинска тарифа која помина минатата недела во Собрание, кој треба да влијае подобро во конкурентноста на нашата економија. Можам да кажам дека овие средби ќе ни служат за меѓусебно запознавање, следење на ефикасноста на мерките, но и за доаѓање до нови идеи за поефикасни мерки во иднина за поддршка на стопанството и економијата воопшто во нашата земја, истакна министерот Бесими.

Лукаревска изјави дека мерката ќе се реализира преку УЈП со поднесување на пресметките за исплата на плата.

– Постапката е едноставна, односно работодавачот во месечната пресметка за интегрирана наплата за оние лица за коишто ќе бара обезбедување на финансиска помош од државата ги означува со посебна шифра на која што работиме во моментот во УЈП и благовремено ќе известиме за сите соодветни поединости, изјави Лукаревска.

Таа рече има рок од 30 дена по истекот на месецот за кое се бара исплатата на финансиската помош да се достават обработени податоците до Министерството за труд и социјална политика од каде што ќе се врши и исплаќањето.

– Финансиска помош за исплата на плата за разлика на придонесите на нето зголемената минимална плата ќе се исплати на оние работодавачи што ги исполнуваат следниве услови: работодавачот да не е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или данок на личен доход за вработено лице со минимална плата, да има статус на активен обврзник односно да не е во постапка на стечај или ликвидација или пак да биде во постапка на бришење, да ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската помош, прецизираше директорката на УЈП.

Лукаревска исто така посочи дека во рамки на оваа мерка која што ќе се спроведе со поддршка на Министерството за Финансии и МТСП ќе има уште слични средби и во иднина.

Додека директорот на Ука Комерц, Адем Абази, потенцираше дека оваа криза којашто е и глобална, може заеднички да се совлада.

-Последните шест месеци се поскапе, почнувајќи од главната суровина, а тоа е месото. Ние месото го увезуваме однадвор. Кај нас нема месо. Не само месото, туку и амбалажа се увезува од надвор. Ние сега се обидуваме со наше искуство да направиме формула на производот, да намалиме трошоци, рече Абази. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.